Damian Iovanov Gruev sau doar Dame Gruev (n. Smilevo, 19 ianuarie 1871 – d. Rusinovo, 23 decembrie 1906) – Revoluționar macedonean, fondator și unul dintre cei mai proeminenți membri ai Organizației Revoluționare Macedonene. El a fost proslăvit ca apostol și voință a Macedoniei revoluționare.
Dame provine din familia Lavdov, din comunitatea Mijak. Tatăl său se numea Iovan, mama lui se numea Tula, iar bunicul său se numea Gruio. Mama lui provine din familia lui Cuzmanov.
A studiat în satul natal Smilevo, apoi la Resen și Bitola, Salonic și Belgrad și la Sofia, unde a studiat istoria la institut. La seminarul din Salonic, St. Chiril și Metodiu (1887/1888), a participat la marea revoltă a studenților din lupta împotriva propagandei bulgare din Macedonia, cu cerere de introducere a predării în limba macedoneană, iar la Gimnaziul din Belgrad la revolta împotriva propagandei sârbești. La Universitatea din Sofia, a format Asociația Studențească Macedoneană, care avea ca scop eliberarea Macedoniei de sub stăpânirea otomană.
Împreună cu Petar Pop Arsov și Ivan Hagi Nicolov a format un grup revoluționar macedonean în care erau incluși: Andon Dimitrov, Hristo Batangiev și dr. Hristo Tatarcev. Acest grup a pus bazele Organizației Revoluționare Macedonene. La ședința constitutivă, ședința din ianuarie, Dame a devenit primul secretar al Comitetului Central. Din Salonic a plecat la Știp unde a fost profesor titular la o școală de trei clase. Aici l-a întâlnit pentru prima dată pe Goțe Delcev.
În 1903, la Salonic, a avut o întâlnire de câteva zile cu Goțe Delcev pe tema începerii unei răscoale. Dame a acceptat decizia răscoalei ca pe o afacere încheiată și a decis să își asume responsabilitatea. La începutul lunii mai, el a prezidat Congresul de la Smilevo. Apoi, a fost ales Comandamentul pentru Divizia a II-a revoluționară din Bitola, compus din: Damian Gruev, Anastas Lozancev și Boris Sarafov.
Pe 2 august a început Răscoala de Ilinden.
Dame Gruev a participat la Congresul mobil de la Prilep (mai 1904).
A prezidat Congresul de la Rila în 1905 și a fost ales membru al Comitetului Central.
A murit în lupta de pe vârful Petleț, de lângă Rusinovo. Locuitorii din Rusinovo l-au îngropat în curtea bisericii satului. Mai târziu, trupul său a fost strămutat la Smilevo.
După crearea statului național independent macedonean, Dame a fost declarat erou național macedonean și simbol al Republicii Macedonia.
Дамјан Јованов Груев или само Даме Груев (Смилево, 19 јануари, 1871 – Русиново, 23 декември, 1906) – македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија.
Даме потекнува од мијачкото семејство Лавдовци. Татко му се викал Јован, мајка му се викала Тула, а дедо му се викал Грујо. Неговата мајка потекнувала од родот на Кузмановци.
Се школувал во родното село Смилево, потоа Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. Во Солунската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј (1887/1888) учествувал во големиот бунт на учениците во борба против бугарската пропаганда во Македонија, со барање за воведување во настава на македонски народен говор, а во Гимназијата во Белград во бунтот против српската пропаганда. На Универзитетот во Софија го формирал Македонското студентско друштво, кое имало за цел ослободување на Македонија од османлиската власт.
Заедно со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирал македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев и д-р Христо Татарчев. Оваа група ги поставила основите на Македонската револуционерна организација. На конститутивниот состанок, Јануарска средба, Даме станал прв секретар на Централниот комитет. Од Солун заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука првпат се сретнал со Гоце Делчев.
Во 1903 година, во Солун, имал неколкудневна средба со Гоце Делчев по прашањето за кревање на востание. Даме ја прифатил одлуката за востанието како завршена работа и решен самиот да ја преземе одговорност. Во почетокот на мај претседавал со Смилевскиот конгрес. Тогаш бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ во состав: Дамјан Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов.
На 2 август било кренато Илинденското востание.
Даме Груев учествувал на подвижниот Прилепски конгрес (мај 1904).
Претседавал на Рилскиот конгрес во 1905 и бил избран за член на Централниот комитет.
Загинал во борбата на врвот Петлец кај Русиново. Населението од Русиново го погребало во дворот на селската црква. Подоцна неговите телесни останки биле пренесени во Смилево.
По создавањето на независната македонска национална држава, Даме е прогласен за македонски национален херој и симбол на Република Македонија.
Comentarii recente